Често поставувани прашања
Испорака
Услови за испорака
Испораката се врши само на територијата на Република Северна Македонија.
РЕДОВНА ДОСТАВА
Куриририте ја доставуваат пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при третиот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Рок на испорака
Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена. Во периодот на сезонските намалувања и попусти и во период на зголемен обем на нарачки, испораката може да биде пролонгирана за неколку дена од одредениот рок за достава.
Трошоци за достава
- Цената за достава на производи со вредност над 1.500,00 денари е бесплатна
- Цената за достава на производи со вредност под 1.500,00 денари е 140,00 денари
Рок на испорака
Нарачките кои што се креирани со опцијата за брза достава ќе бидат доставени истиот ден во рок од 4 часа, најдоцна до 18:30 часот. Доставата на брзите пратки е до адресата која што ја напишал корисникот при креирање на нарачката. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Посебно известување:
- Доколку сметате дека треба да се променат било какви информации во врска со пратката, ве молиме да го контактирате контакт центарот.
Плаќање
Плаќање
Сите цени кои што се објавени на сајтот на Бини Профессионал ДООЕЛ се прикажани со вклучен ДДВ.
За да купите производи преку сајтот, достапни се два начини на плаќање – со платежна картичка или плаќање по испорака во готово.
Плаќање по испорака: Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка , исклучиво во готовина.
Доколку е потребно да се рефундираат средства за производи кои што се нарачани со плаќање во готовина, по испорака, рефундацијата се прави исклучиво на трансакциска сметка на корисникот.
Плаќање со платежна картичка: Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro или Diners. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.
Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.
На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци:
- Број на платежната картичка
- Име и презиме на носителот на картичката
- Датумот на важност на картичката
- CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка
Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и НЛБ Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.
Бини Профессионал ДООЕЛ на своите корисници им ја овозможува опцијата Card on file, односно корисниците имаат можност да ги зачуваат информациите за своите платежни картички за следни купувања. При тоа, Бини Профессионал ДООЕЛ не ги зачувува, ниту ги обработува податоците од зачуваната картичка, бројот на зачуваната картичката е маскиран и видливи се само првата цифра и последните четири цифри од картичката. Сите трансакции креирани со платежни картички се реализирани преку cPay овозможено од CaSys. Доколку корисникот по зачувување на податоците, сака истите да ги избрише, оваа опција е овозможена преку корисничкиот профил.
Напомена: Во случај на откажување на нарачката вашите средства ќе ви бидат рефундирани во рок до 14 денови.
**Напомена за корисниците на Динерс Клуб картичките. За сите прашања во врска со поволностите на истите, обратете се на телефон 15 155.
Право на повлекување/враќање на производ
Право на повлекување/враќање на производ
Производот може да се врати во рок од 14 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања и етикета. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е носен. Во спротивно потрошувачот го губи правото на повлекување. Потрошувачот не може да го користи правото на повлекување во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштита на здравјето, а се отворени по испораката.
Правото на повлекување од договор може да го остварите најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот, со пополнување и испраќање на Образецот за повлекување од договор, со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го на е-маил на info@biniprofessional.mk или обратете ни се телефонски на 072304333 или 072315575. Со поднесување на известување за повлекување од договор се согласувате од наша страна да бидат обработувани Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска сметка, кои се неопходни за цели на постапување по Вашето известување за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации прочитајте во делот Политика за приватност.
Враќањето на производите или откажување на нарачката може да се направи исклучиво онлајн и не е можно физички да се врати производот во продавниците.
Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите поврат во малопродажните објекти на нарачаниот производ.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 072304333 или 072315575 Понеделник – Петок 08-16ч или испратете е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на info@biniprofessional.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на Вашето барање.
Во случај на поврат на производите нарачани од Nishman, Morfose, Alix Avien Paris, JRL USA, Bini Beauty или други козметички производи, потребно е да се вратат неотворени, неискористени и затворени во оригиналното пакување, кое не смее да биде оштетено. Замената се реализира во рок од 14 дена по направената нарачка, само доколку производот не е отворен, употребуван и пакувањето е неоштетено. Доколку производот се врати во неисправна состојба, отворен, испробан и/или оштетен нема да се прифати замена или рекламација.
РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД
Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот.
ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
Во случај на повлекување/замена на производот трошокот за враќање/достава на нов производ е 140 денари со вклучен ддв, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/заменува. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.
РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА
Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање на производот, Бини Профессионал ДООЕЛ има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката, а доколку производот бил платен во готово по испорака, рефундацијата се врши на трансакциската сметка на купувачот. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 14 дена.
НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за повлекување од договор и враќање на производи.